Екипата на Барселона го одбрани домашниот терен со победа над Баерн Минхен (77-67) ја стартува четвртфиналната фаза во кошаркарската Евролига, или последниот филтер пред Ф4-турнирот.
Тимот од Каталонија имаше лош старт на натпреварот, но потоа работите си дојдоа на своето место. Барселона дојде до сигурната победа над Баерн Минхен благодарение на одличната втора четвртина која избраниците на Јасикевичиус ја добија со високи 23-11 и константно држеа предност потоа.
На Баерн Минхен не му помогна ниту добрата партија на Лучиќ кој заврши со 20 поени. Кај Барселона, Дејвис постигна 19 поени, додека Миротиќ уфрли уште 12 поени.