среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Баскет Кам 2011 го осигура првото место пред женскиот плеј-оф

Баскет Кам 2011 го осигура првото место пред женскиот плеј-оф

Кошаркарките на Баскет Кам 2011 ќе тргнат од првата стартна позиција во плеј-офот во Првата лига-жени. Ја потврдија „единицата“ девојките од Македонска Каменица со победа против МЗТ Скопје Аеродром со резултат 69-63.

Па на коло пред крајот имаат две победи повеќе во однос на својот голем ривал во изминатиот период – Бадел 1862.

Во дуелот на финалистите во Купот на Македонија, Баскет Кам 2011 доминираше во првото полувреме во кое се стекнаа со предност, и тоа по првата четвртина (22-13), кое до полувремето домашните кошаркарки го зголемија на 41-24. Но победникот на Купот најде начин да се врати назад во натпреварот.

Во третиот дел од играта МЗТ Скопје намали на 45-50, но немаше сили за комплетен пресврт и победа која ќе ги задржи во првата „четворка“.

Димова реализираше 17.поени, Николов 15, Максимовска и Тасевска по 11, а Адамовска ја заокружи „двоцифрената“ прва петорка со десет реализации.

Во гостинската екипа, очекувано, во главна поентерска улога беа Ли и Симонс кои реализираа 46 од крајните 63 поени.