четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Баскет Кам со победа тргна во Балканската лига

Баскет Кам со победа тргна во Балканската лига

Кошаркарите на Баскет Кам со победа ги започнаа натпреварите од новоформираната балканска лига.

Во првиот полуфинален натпревар од собирот во Требиње, македонскиот шампион одигра одлично второ полувреме во кое ја анулираше негативата од првото, и на крајот стигна до убедлива победа против црногорскиот претставник Херцег Нови (91:76).

Доволно за место во финалниот меч во кој ќе играат против подобриот од дуелот помеѓу домаќинот Леотар и Раднички од Белград.

Димова постигна 25.поени, Кметовска реализираше 22.поени. Адамовска го заврши овој натпревар со 15.поени, а двоцифрен број на реализации, имаше и Максимовска (13).