Кошаркарскиот клуб Работнички го договори потписот на македонскиот репрезентативец Бобан Стајиќ, кој минатата сезона ги бранеше боите на Пелистер.
Дваесет и деветгодишниот плејмејкер по четири години се враќа во тимот од Градски парк.
Бобан Стајиќ во кариерата покрај за Работнички и Пелистер, играше и за Кожув, Куманово, МЗТ Скопје, Фени Индустри и Лирија, а токму со Работнички го освои последниот трофеј, Купот на Македонија во 2019 година.