Кошаркарската репрезентација на Србија доби лоши вести, затоа што еден од носителите на играта, бекот Богдан Богдановиќ, би можел да го пропушти претстојниот Евробаскет.
Членот на Атланта Хокс има повреда на коленото, па препорачана му е хируршка интервенција за таа да се санира и тој да биде комплетно подготвен за следната сезона во НБА-лигата. Токму поради таа повреда Богдановиќ пропушти дваесетина меча за Атланта.
Исто така, Богдановиќ нема да биде во игра и за квалификациите за СП 2022 во втората рунда. Србија на ЕП 2022 кое се игра во септември се наоѓа во групата Д заедно со Чешка, Полска, Финска, Израел и Холандија.