Бостон со фуриозен старт на четвртиот дуел со Мајами во полуфиналната серија од НБА плејофот и стигна до израмнување на 2:2 во победи.
Селтикс славеа со 102:82 и тоа повеќе од заслужено откако имаа фуриозен старт во кој водеа со 26:4, а ѕвездите на Мајами беа далеку од своите препознатливи настапи.
Тејтум ги предводел домаќините со 31 поен, додека Причард постигна 14 , а пак Вајт 13 поени.
Батлер го завршил натпреварот со само 6 поени, а најефикасен кај Мајами бил Оладипо со 23 поени. Мајами ќе биде домаќин на петтиот натпревар.