недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бредли Бил постави антирекорд во НБА

Бредли Бил постави антирекорд во НБА

Кошаркарот на Вашингтон визардс, Бредли Бил ја продолжи серијата порази со 40 или повеќе постигнати поени. Вашингтон визардс ноќеска загуби на гостувањето кај Бостон селтикс со 111:110.

Ова беше 11 последователен пораз за Вашингтон кога Бредли постигнува 40 или повеќе поени по што е поставен нов антирекорд во НБА лигата.

Претходниот антирекорд исто така му припаѓаше на Бил, кој го постави на 27 јануари.

Против Бостон Бил постигна 46 поени, реализирајќи 16 од 29 удари од поле.