четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Чикаго за прв пат од 1996 година ја започна сезоната со четири победи

Чикаго за прв пат од 1996 година ја започна сезоната со четири победи

Кошаркарите на Чикаго булс, ноќеска на гости го победиja Торонто репторс со 111:108. Булс ја забележаа четвртата победа во четири натпревари на почетокот на НБА-сезоната.

Последен пат Чикаго имаше четири стартни победи во за нив шампионската сезона 1996/97 година, кога за тимот на Фил Џексон играа легендарните Мајкл Џордан, Скоти Пипен и Денис Родман.

Чикаго моментално е на врвот на табелата во лигата и е единствениот тим на Истокот кој нема пораз.

Следен противник на Чикаго ќе биде Њујорк никс ноќта четврток кон петок. (МИА)