петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Црвена Звезда доби казна од Евролигата

Црвена Звезда доби казна од Евролигата

Кошаркарите на Црвена Звезда оваа сезона го приредија едно од најпријатните изненадувања во Евролигата, откако во Белград го совладаа големиот Реал Мадрид со 65-62.

Челницита на Евролигата по овој меч одлучија дека Црвена Звезда мора да плати казна во висина од 6.000 евра поради односот на фановите.  Покрај српскиот тим, за овој меч парично е санкциониран и Серхио Љуљ.

Искусниот кошаркар на „кралевите“ ќе мора да плати 3.500 евра поради недолично однесување кон официјалните лица на дуелот.