Екипата на ЦСКА Москва ја забележа третата последователна победа во кошаркарската Евролига по успехот над турскиот тим Дарушафака со 79:75.
„Армејците“ губеа со седум поени на полувремето, но тие одиграа многу силна трета четвртина, во која поведоа и го задржаа водството до крајот.
Со победата, ЦСКА е на врвот на табелата со шест поени.
Барселона, пак, го совлада Баерн Минхен со 83:73 во уште еден натпревар од третиот круг. Анте Томиќ постигна 18 поени за Барса, а за Баварците со 16 поени заврши Ло Маодо.
За Барселона ова е прва победа во првите три натпревари од Евролигата и тимот го зазема седмото место на табелата. Баерн има слични индикатори и е на деветата позиција.
Панатинаикос ја победи Гран Канарија со 102:87. Дуелот беше изедначен само во првиот дел, по што Грците направија солидно водство, кое го одржуваа до крај. Кит Лангфорд и Лукас Лекавикус постигнаа 16 поени за победата.
Макаби Тел Авив ја забележа првата победа за сезоната по 78:68 над Будуќност. Скоти Вилбакин постигна 28 поени за Макаби.
Натпревари од 3.коло во Евролига:
ЦСКА Москва – Дарушафака 79:75
Будуќност – Макаби Тел Авив 68:78
Панатинаикос – Гран Канарија 102:87
Барселона – Баерн Минхен 83:73.
(МИА)