Кошаркарите на Голден Стејт Ворисорс поведоа со 2-0 во финалната серија на Западната Конференција против Далас откако во вториот меч славеа со 126-117.
Двата тима се менуваа во водство и по едно полувреме им припадна на двете екипи.Во првиот дел Далас го диктираше темпото и имаше предност од 19 поени разлика, за да на полувреме се отиде со водство од 72-58.
Во вториот дел се сменија работите и домашните се консолидираа и разиграа, додека гостите во третиот квартал постигнаа само 13 поени.
Најдобар на мелот кај Голден Стејт повторно беше Стеф Кари кој реализира 32 поени,имаше 8 скока и пет асистенции,Пул додаде 23, а Луни имаше 21 поен и 12 скока.
Кај Далас најдобар беше Дончиќ со 42 поени и 8 асистенции додека Бронсон реализира 31 поен и имаше 7 скока.