четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дамјан Стојановски нема да настапи за националниот тим во претквалификациите за СП

Дамјан Стојановски нема да настапи за националниот тим во претквалификациите за СП
кошарка трофеј македонија македонија црна гора

Македонскиот национален тим ќе биде значително ослабен во претквалификациите за Светското првенство што ќе се одржат во август во Скопје.

Покрај Војдан, кој е повреден и ќе мора да паузира уште најмалку три месеци, новиот селектор Драган Бајиќ не може да смета ни на Дамјан Стојановски кој го откажал својот настап во овој циклус. Тоа не значи дека тој нема повеќе да игра за националниот тим.

„Дамјан Стојановски ни соопшти дека нема може да игра во овие претквалификации. Другите, на кои ќе смета Бајиќ, се надеваме дека ќе бидат на располагање и заедно ќе обезбедат пласман во главните квалификации за Мундијалот“, вели Тодор Гечевски, директор на КФСМ.

Според планот, подготовките ќе почнат на 12 јули, но на почетокот ќе тренираат помладите кошаркари кои треба да се наметнат кај Бајиќ. Претквалификациите се играат од 12 до 18 август во Скопје, а противници на Македонија се Словачка и Швајцарија.