среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Деандре Џордан: Се радувам дека нема да треба повеќе да играм против играчи какви што има Лејкерс

Деандре Џордан: Се радувам дека нема да треба повеќе да играм против играчи какви што има Лејкерс

Новиот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс,  Деандре Џордан е задоволен поради тоа што ќе игра со играчи како Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Расел Вестбрук.

-Може да поминете многу време во НБА-лигата и да постигнете нешто, но сепак е убаво кога суперѕвездите ќе ви бидат соиграчи и се среќни да ве видат на списокот во тимот. Да, јас сум многу радосен за овој трансфер. Прекрасно е да се игра со такви квалификувани играчи кои долго време се во лигата и постигнаа големи победи во кариерата. Мило ми е што сум дел од овој тим и фактот дека повеќе не треба да се бранам од сите овие момци. Многу сум возбуден, изјави Џордан.

Тој во Лос Анџелес лејкерс дојде од Бруклин нетс. Претходно играше и за Њујорк, никс, Далас маверикс и Лос Анџелес клиперс. (МИА)