Легендарниот српски кошаркар Дејан Бодирога е прв фаворит да го наследи Жорди Бартомеу на чело на кошаркарската Евролига, најавуваат грчки медиуми.
Бартомеу не е баш најомилен кај дел од евролигашите и во среда на Генералното собрание на Евролигата треба да се донесе конечна одлука за иднината на досегашниот прв човек на најсилната кошаркарска лига на Стариот континент, а одлучуваат 13-те клубови акционери.
Мнозинството од акционерите уште зимоска го изразија незадоволството од работата на Бартомеу, зашто приходите им се драстично помали од расходите.
Сега Бодирога влегува како прв фаворит, а втора опција која се споменува е потпретседателот на НБА Европа, Хесус Буено.