среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Денеска почнува битката за опстанок во кошаркарската Прва лига

Денеска почнува битката за опстанок во кошаркарската Прва лига

Денес започнува разигрувањето за опстанок во македонската Прва кошаркарска лига. Последните четири екипи од основниот дел, Кожув како најдобар за противник го доби најслабиот тим Црн Дрим, додека МЗТ Скопје 2 вкрстува со Вардар.

Овосезонската плеј-аут серија ќе се игра според принципот „подобар од три“, што значи место во елитата ќе го задржат екипите кои први ќе стигнат до две победи.

Првиот меч од серијата меѓу Кожув и Црн Дрим се игра во Гевгелија од 17 часот, нешто подоцна од 19.15 во Аеродром почнува битката меѓу МЗТ 2 и Вардар.