петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Џоел Ембид доби ултиматум – Франција и САД

Џоел Ембид доби ултиматум – Франција и САД

Француската кошаркарска репрезентација се подготвува за настап на Олимписките игри на кои сака да стигне до голем успех.

Репрезентацијата на Франција сака да добие помош од Џоел Ембид на натпреварувањето, но искусниот центар засега молчи и не кажува дали ќе го облече нивниот дрес.

Ембид има француски и американски пасош,  но наскоро ќе мора да донесе конечна одлука затоа што Франција му постави ултиматум.

„Треба да добиеме одговор од Ембид до 10 октомври. Сакаме Ембид да игра за нас, но мора да го знаеме и неговиот став“, велат од Франција.