понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дирк Новицки се враќа во Далас

Дирк Новицки се враќа во Далас

Поранешниот кошаркар Дирк Новицки се врати во Далас Маверикс каде ќе работи како специјален советник на екипата од Тексас.

Новицки се пензионираше на крајот на сезоната 2018/19, а нов предизвик ќе му биде да помогне на тимот во борбата за титулата во НБА-лигата.

Марк Кубан ми се јави и ми ја понуди работата специјален советник и среќен сум што ќе можам да им помогнам на Маверикс. Дони Нелсон и Рик Карлајл беа двајца мои ментори и одиграа голема улога во мојата кариера и успесите на франшизата и многу ќе ми недостасуваат. Сега е најважно е да се фокусираме на работата за Маверикс да тргне нанапред“, изјави Новицки кој одигра 21 сезона за Екипата од Тексас.