петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дончиќ го израмни рекордот на Леброн Џејмс

Дончиќ го израмни рекордот на Леброн Џејмс

Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ постигна 51 поен на натпреварот со Детроит пистонс одигран ноќеска на домашен терен.

Словенецот по петти пат во кариерата постигна 50 или повеќе поени во еден натпревар. Тој стана третиот кошаркар во историјата на НБА кој го направил тоа во првите пет сезони во лигата.

Рекордот за најмногу вакви натпревари во првите пет сезони во НБА му припаѓа на Мајкл Џордан (17), додека Дончиќ се изедначи на второто место со Леброн Џејмс (5).

Далас го доби натпреварот со 111:105.