За првпат во историјата на Олимписките игри беше одржана ждрепка после групната фаза, која ги одреди четвртфиналните парови на машкиот кошаркарски турнир.
Најзвучниот пар го сочинуваат Шпанија и САД. „Дрим-тимот“ на Грег Попович има мали проблеми и ќе биде на тежок испит против избраниците на Серхио Скариоло.
Франција – Италија
Словенија – Германија
САД – Шпанија
Австралија – Аргентина
Сите четвртфиналиња ќе се одиграат на 3 август. Полуфиналните дуели се закажани за 5 август, а конечната разврска за медали ќе се одрижи на 7 август.