четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дурант не се согласува дека европските кошаркари доминираат во НБА лигата

Дурант не се согласува дека европските кошаркари доминираат во НБА лигата

Кевин Дурант испадна во плеј-офот со Бруклин Нетс уште во првото коло од Бостон Американскиот репрезентативец го искористи слободното време за да ја посети Европа и да ужива во дел од натпреварите од Евролигата.

Во период кога Никола Јокиќ ја освои втората последователна МВП награда, ѕвездата на Нетси беше запрашан што мисли за доминацијата на европските кошаркари во НБА лигата.

„Јокиќ и Дончиќ се „аномалии“, но не и стандард во НБА лигата. Поради тоа мислам деак лажна е приказната дека европските кошаркари доминираат преку океанот“, изјави Дурант.