Кевин Дурент постави нов рекорд во кариерата по број на постигнати поени на еден меч, откако синоќа даде 55 за Бруклин Нетс, но и тоа не беше доволно за победа против Атланта Хокс, која славеше со 122-115 во директната пресметка за плејофот.
Ирвинг додаде 31 поен кај Бруклин, додека Јанг заврши на 36 како најефикасен во таборот на Атланта.
Голден Стејт славеше со 111-107 против Јута, најмногу балгодарение на Клеј Томпсон кој даде 36 поени, а Крис Пол додаде 31 поен.
Чикаго, пак, загуби дома од Мајами со 109-127.