Тренерот на Бруклин Нетс, Стив Неш, потврди дека повредата на Кевин Дурент е сериозна и дека ќе помине време кога ќе се врати на кошаркарските терени.
Дурент се опоравува од повредата на тетивата на левата нога и најверојатно ќе мора да паузира подолг период.
„По добивањето на второто скенирање, стана јасно дека ќе биде потребно повеќе време. Првото скенирање покажа крварење, сликата не беше толку јасна. Не сум оптимист за негово брзо враќање, но да видиме што ќе се случи понатаму“, вели Неш.