сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Џеј Ар Смит главен кандидат за замена на Бредли кој одби да игра за Лејкерс во рестартот на сезоната

Џеј Ар Смит главен кандидат за замена на Бредли кој одби да игра за Лејкерс во рестартот на сезоната

Кошаркарот Џеј Ар Смит, кој е слободен агент, е најверојатен кандидат за замена на Ејвори Бредли во Лејкерс, објави инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Претходно, Бредли го објави своето одбивање да учествува во продолжување на сезоната 2019/20 во НБА лигата од семејни причини.

Триесет и четиригодишниот Смит играше со сегашниот лидер на Лејкерс, Леброн Џејмс  за Кливленд, а заедно станаа шампиони во лигата во 2016 година. (МИА)