сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Џејмс Харден трејдуван во Филаделфија

Џејмс Харден трејдуван во Филаделфија

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Џејмс Харден е разменет во Филаделфија Сиксерс, ексклузивно пренесе новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Во текот на денешниот ден се шпекулираше дека Џејмс Харден ќе биде најголемата ѕвезда во последните часови од рокот за размена на играчи во НБА лигата, и на помалку од еден час до затворање на тој рок, ол стар бекот кој беше незадоволен во Бруклин, е разменет во Филаделфија.

Бруклин и Филаделфија се договорија, 32-годишниот Харден да биде разменет во Филадлефија за тројца кошаркари.

Сега Харден ќе биде дел од големата размена и заедно со Патрик Милс и Брус Браун ќе преминат во Филаделфија, додека пак Бруклин ќе го добие Бен Симонс кој не заигра за Филаделфија оваа сезона, како и Сет Кари, Матис Тибула и Андре Драмонд.

Харден оваа сезона бележи по 22.5 поени по натпревар, осум скокови како и 10,2 асистенции.