петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ембид ја избра репрезентацијата на САД

Ембид ја избра репрезентацијата на САД

Кошаркарот на НБА лигашот Филаделфија, Џоел Ембид, во иднина ќе настапува за репрезентацијата на САД, јавија вечерва американските медиуми.

Ембид, кој лани доби американско државјанство, поседува и француски пасош, а можеше да избере да настапува и за својата татковина Камерун.

Американските медиуми наведуваат дека Ембид, доколку биде здрав, со сигурност ќе има место во репрезентацијата на САД за Олимписките игри 2024 на кои подготвеност да настапат изразија и Стеф Кери, Леброн Џејмс, Бем Адебајо и многу други НБА ѕвезди.

Американската кошаркарска федерација најави дека составот кој ќе настапи на Игрите во Париз ќе биде објавен идната пролет.