Само што стартуваше новата сезона во НБА лигата, а веќе се „крчка“ првиот мега трејд. Имено, првата ѕвезда на Филаделфија, Џоел Ембид, повеќе не е задоволен од амбициите на тимот и сака што поскоро да ја промени средината.
Поради сето ова, американскиот инсајдер кој ги следи Сиксерси, Кит Помпеј, тврди дека Ембид го отвора патот за спектакуларен премин во Њујорк Никс.
Никс долго време се без прстен, па сакаат да почнат да градат шампионски тим и да одат на сè или ништо. Тие се подготвени да испратат четворица врвни играчи во Филаделфија за да го добијат Ембид, и тоа Џулиус Рендл, Џеј Барет, Еван Фурние и Мичел Робинсон.