Еден од најдобрите играчи во НБА во моментов Eнтони Дејвис, ќе паузира меѓу две до три недели поради повредата на Ахиловата тетива што ја доживеа на натпреварот против Денвер.
До повредата дојде по еден дуел со Никола Јокиќ по што Ентони Дејвис замина во соблекувална и повеќе не заигра. Прогнозите се дека ќе се врати на терените во периодот меѓу 5 и 10 март.