недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Епски пресврт на Бостон во режија на Тејтум кој постига 60 поени (ВИДЕО)

Епски пресврт на Бостон во режија на Тејтум кој постига 60 поени (ВИДЕО)

Џејсон Тејтум постигна 60 поени во најлудиот меч сезонава во НБА лигата и беше лидер во победата на Бостон селтикс од 143;140 против Сан Антонио по едно продолжение.

Во „ТД Гарден“ се случи третиот најголем пресврт во историјата на кошарката, откако кошаркарите на Бостон анулираа негатива од 32 поени разлика, се изборија за продолжение и победија.

Ноќта со 8 НБА натпревари ја одбележа и кам-бекот на Леброн Џејмс по пауза од шест недели, но Лејкерс не успеаја да му приредат победнички дочек на Кралот на кошарката и загубија со 106:110 од Сакраменто кингс.

Леброн настапи на нешто повеќе од 31 минута и постигна 16 поени, со 8 скока и 7 асистенции.

Резултати: Бостон – Сан Антонио 143:140 по продолженија, Филаделфија – Атланта 126:104, Кливленд – Вашингтон 93:122, Бруклин – Портланд 109:128, Мемфис – Орландо 92:75, Чикаго – Милвоки 98:108, Феникс – Јута 121:100, Л.А. Лејкерс – Сакраменто 106:110.