Еуро Никел се избори за полуфинална „мајсторка“ против Пелистер откако успеа да го одбрани домашниот терен во втроиот натпревар славејќи со 90-89 во неизвесна завршница.
Кавадарчани во последната четвртина имаа предност од 12 поени, но не успеаја да приредат мирен крај на мечот. Гостите на минута до крајот ја вратија резултатската неизвесност, имаа и шанса во последниот напад на средбата да слават место во финалето, но не успеаја да во своите намери.
Калахан беше лидер на Еуро Никел со 17 поени и 9 асистенции, 14 поени и 6 скока додаде Томиќ, додека со дабл-дабл од 13 поени и 14 скока мечот го заврши Џекиќ. Малешевиќ го предводеше Пелистер со 23 поени и 5 украдени топки, додека по 19 поени постигнаа Стајиќ и Кесар.