Еуро Никел се „чекираше“ во полуфинаето од разигрувањето за титула откако во 9. коло од Суперлигата славеше на домашен терен против Пелистер со 94-70.
Ова е триумф број 18 за кавадарчани, а без разлика од исходот на натпреварот во последното коло од победничката фаза избраниците на Самарџиев ќе завршат на третото место на табелата и битката за трофеј ќе ја започнат токму против денешниот противник.
Бранислав Џекиќ со 16 поени и 6 скока беше прво име кај Еуро Никел, додека него го следеше Џексон Дубински со 15 поени и 6 асистенции. Со 20 поени и 7 скока лидер на Пелистер беше Игор Кесар, а 15 поени додаде Никола Малешевиќ.
Ова беше последен натпревар од 9. коло во Суперлигата по кој познати се три од четирите патници во плеј-офот. Таму се МЗТ Скопје кој ќе заврши на првото место, Пелистер кој е на второто и Еуро Никел на третото, а последниот патник ќе биде одлучен во меѓусебниот натпревар помеѓу ТФТ и Гостивар.