среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Факундо Камапцо се враќа во Реал Мадрид

Факундо Камапцо се враќа во Реал Мадрид

Факундо Кампацо ќе ја заврши сезонава во дресот на Црвена Звезда, но аргентинскиот репрезентативец наредниот месец ќе го напушти АБА-лигашот и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Реал Мадрид.

„Кралевите“ веќе извесно време го следат својот поранешен ас, а според последните информации испратена е и официјална понуда што Кампацо веќе ја прифатил.

Реал ќе му го прости на Аргентинецот долгот што го има кон клубот кога ја активираше клаузулата за преселба во НБА (Кампацо тогаш не ја исплати целата сума што требаше според договорот со Реал), воедно нудејќи му дополнителни девет милиони евра бруто за тригодишен договор.

Со оглед на даночните закони во Шпанија, половина од парите ќе одат на име данок, но Кампацо сепак ќе има плата од 1,5 милиони евра по сезона, доволна сума за да прифати камбек назад во Мадрид.