вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Финалето на првиот турнир во НБА лигата ќе се одржи во Лас Вегас

Финалето на првиот турнир во НБА лигата ќе се одржи во Лас Вегас

Првиот НБА турнир во новата сезона ќе заврши со полуфинале и финале во Лас Вегас, објави официјално американската телевизија ЕСПН.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 7 декември, а финалето на 9 декември, додека статистиката за турнирот, со исклучок на дуелот за титулата, ќе се води како дел од регуларната сезона.

НБА лигата најави дека в сабота ќе би објави сите детали, а досега е познато дека екипите ќе бидат поделени во шест групи, три по конференции.

Во текот на групната фаза, секој тим ќе одигра два натпревари на домашен и два натпревари на гостински терен.

Шесте победници во групите, и две екипи со „вајлд карта“ ќе се пласираат во четвртфиналето.Играчите кои ќе настапат на турнирот, според американските медиуми, ќе добијат поединечно по 500.000 долари.