Плејмејкерот Крис Пол и следните четири години ќе настапува за Хјустон Рокетс, потврди НБА лигашот преку својата официјална веб-страница.
Деталите за новиот договор на 33-годишниот играч не се објавени, но медиумите шпекулираат со износ од 160 милиони долари.
Минатата сезона, Пол постигнуваше во просек по 18,6 поени по натпревар, надополнети со 5,4 скока и 7,9 асистенции.
Пред Хјустон, Пол има играно за ЛА Клиперс и Њу Орлеанс.