сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Индијана му понуди 133 милиони долари на Ејтон

Индијана му понуди 133 милиони долари на Ејтон

НБА лигашот Индијана му понуди на центарот на Феникс, Деандре Ејтон, четиригодишен договор вреден 133 милиони долари, што претставува максимален износ кој можеа да го понудат, објави ЕСПН.

Ејтон има важечки договор со Феникс, но клубот сега може да го задржи во своите редови само доколку му понуди идентичен договор каков што со 23-годишниот центар е подготвена да потпише Индијана.

Понудената сума од 133 е рекорден износ за договор од таков вид.

Досегашниот рекорд изнесуваше 107 милиони долари, колку што во 2017 година Бруклин му понуди за на Ото Портер Јуниор за четиригодишен договор. (МИА)