Ѕвездата на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг, откако ја загуби серијата против Бостон (0:4) и беше елиминиран во 1. коло од НБА плејофот, јасно стави до знаење дека има намера да остане во тимот.
-Не планирам да го напуштам Бруклин, не одам никаде. Не го оставам мојот брат, рече Ирвинг алудирајќи на Кевин Дурант.
Триесетгодишниот Ирвинг поради одбивањето да се вакцинира против коронавирусот, пропушти голем број натпревари и загуби околу 15 милиони долари.
На 29 настапи сезонава во НБА-лигата, Ирвинг имаше просек од 27,4 поени, 4,3 скока и 5,8 асистенции по натпревар. (МИА)