петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Издаден налог за апсење на НБА кошаркарот Мајлс Бриџ

Издаден налог за апсење на НБА кошаркарот Мајлс Бриџ

Американскиот НБА кошаркар Мајлс Бриџ повторно е во проблеми со законот, откако ги прекрши одредбите од условната казна и судот издаде налог за негово апсење.

Обвинет е за нарушување на јавниот ред и мир, семејно насилство и злоставување дете.

Дваесетипетгодишниот Бриџ, кој последен пат се појави на паркетот во дресот на Шарлот во сезоната 2021/22, беше уапсан во Лос Анџелес во летото 2022 бидејќи ја удри мајката на своето дете.

Тогаш беше осуден на три години условно поради семејно насилство.

Бриџ во мај годинава потпиша едногодишен договор со Шарлот, вреден 7.9 милиони долари, но поради изречената суспензија не смее да настапува до 11. натпревар во новата сезона.