петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Израелските клубови ќе бидат домаќини во Србија

Израелските клубови ќе бидат домаќини во Србија

Кошаркарите на Хапоел Ерусалим кој ги предводи поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ домашните натпревари во ФИБА Лигата на Шампиони ќе ги играат во салата „Александар Николиќ“ во Белград, пренесувааат израелските медиуми.

Наскоро се очекува да биде потврден и настапот на преостанатите два израелски тимови кои се натпреваруваат на интернационалната сцена, евролигашот Макаби Тел Авив и големиот градски ривал на овој клуб Хапоел кој се натпреварува во Еврокупот.

Натпреварот во кој Хапоел Ерусалим треба да го пречека Галатасарај е закажан за на 11. ноевмри и истиот се очекува да биде одигран без присуство на публика.