вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Јута го совлда Деневер, Далас лесно со Голден Стејт

Јута го совлда Деневер, Далас лесно со Голден Стејт

Бојан Богдановиќ ја предводеше Јута до победата над Денвер. Изминатата ноќ во НБА лигата, Лука Дончиќ со Далас славеа против лидерот Голден стејт Вориорс.

Хрватскиот репрезентативец против Денвер го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната. Јута го победи Денвер со 115:109, благодарение на 36 поени и 13 скокови на Богдановиќ.

На спротивната страна, Јокиќ го забележа 64.трипл-дабл во кариерата. Актуелниот МВП натпреварот го заврши со 26 поени, 21 скок и 11 асистенции.

Далас, лесно и убедливо, ги победија Голден стејт Вориорс со 99:82. Далас се во серија од четири победи, три од нив се со Дончиќ, кој паузираше еден месец поради повреда и ковид-протоколите.

Словенецот натпреварот го заврши со 26 поени, седум скока и осум асистенции. На спротивната страна Ендрју Вигинс беше најефикасен со 17 поени. Потврдли Стеф Кари, погоди само пет од 24 шутеви, мечот го заврши со 14 поени и девет скокови.