Во пресрет на новата кошаркарска сезона, во која ќе се натпреварува само на домашна сцена, екипата на скопски доведе уште едно ново име во своите редови.
Нов член на најтрофејниот кошаркарски колектив е српскиот интернационалец Милош Мацура. 31-годишниот кошаркар ќе ја засили конкуренцијата под кошевите.
Се работи за искусен српски интернационалец кој поседува и хрватски пасош, играч кој во последната кампања играл во УСК од Прага и Раднички Крагуевац. Тој ја покрива центарска линија и треба да биде уште една значајна опција во тимот предводен од Тони Симиќ.
Во сегашната кариера има настапувано во Србија, Русија, Белгија, Шпанија, Романија, Франција, Чешка… што значи е кошаркар со огромно искуство. Претходно Работнички ги доведе уште Луизер, Босанецот Мустафица и Американецот Џексон Емерсон Пол