Кошаркарот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг, вчеравечер во Бостон играше против својот поранешен тим, Селтикс. Навивачите на Бостон го исвиркаа Ирвинг, кој го напушти клубот во 2019 година како слободен агент.
-Разбирам дека тоа ќе се случи на секој натпревар што ќе го играм овде до крајот на мојата кариера. Тоа е исто како напуштената девојка кога сака да добие објаснување зошто си заминал и се надева на продолжување на преписката. Само сакам да кажам: „Сé беше одлично додека траеше“, изјави Ирвинг по натпреварот.
Бостон селтикс победија со 126:120, Ирвинг средбата ја заврши со 19 поени и шест асистенции.