среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кајри Ирвинг побара „трејд“ и тоа веднаш

Кајри Ирвинг побара „трејд“ и тоа веднаш

По летната драма во Бруклин Кајри Ирвинг сега не сака повеќе да чека и побарал трејд, известуваат одредени американски медиуми.

Или сега ќе го разменат или како слободен играч за неколку месеци, па Нетси нема да добијат ништо за него.

Рокот за трансфер е деветти февруари, а Кајри се одлучи за заминување по неуспешните кратки разговори за нов договор.

Се предвидуваше дека Ирвинг ќе добие околу сто милиони, но очигледно проблемите со коронавирусот и добро познатиот став на ѕвездата на „мрежичките“ за вакцинацијата, остави траги во односот на кошаркарот и клубот.

Ирвинг сезонава настапи на 40 натпревари, со просек од 27,1 поени по натпревар.