Американскиот кошаркар Кајри Ирвинг вчера се здоби со повреда во поразот на Бруклин од Милвоки во четвртиот меч од серијата, по што е најавено дека ѕвездата на Бруклин ќе мора да паузира одредено време.
Бруклин нема да смета на својот плејмејкер во петтиот меч кој е закажан во ноќта меѓу вторник и среда.
Со повредите на Харден и Ирвинг Бруклин ја загуби фаворитската улога во серијата против Бакс, која е израмнета на 2-2 и се очекува тешка и неизвесна серија до крајот.