Тимот на Бруклин најверојано ќе се рзадели со еден од најдобите играчи. Кајри Ирвинг нема намера да се вакцинира против коронавирус, а со тоа си направи невиден проблем.
Имено, се појавија информации кои велат дека Нетси се заинтересирани да прифатат евентуална добра понуда, а интерес постои од Филаделфија и Њу Орлеанс.
Според инсајдерот Шамс Чаранија, ниту Ирвинг не е подготвен да го промени своето мислење за вакцинацијата, ниту пак Нетси планираат да го променат ставот и да го држат надвор од тимот.