вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Камапацо во преговори со Фенербахче

Камапацо во преговори со Фенербахче

Аргентинскиот кошаркар, Факундо Кампацо добил понуда од Фенербахче. Шпанските медиуми, тврдат дека Фенербахче на Кампацо му нуди девет милиони евра за тригодишен договор.

Играчот се уште не ја донел конечната одлука, бидејќи чека понуда од НБА лигата. Се шпекулира дека Далас Маверикс се заинтересирани да го доведат.

Кампацо две сезони во Реал беше соиграч на Лука Дончиќ.Претходно во текот на летото, 31-годишниот Аргентинец изјави дека се гледа себеси како НБА играч, но немаше многу понуди по неговата двегодишна одисеја со Денвер Нагетс.

Минатата сезона имаше просек од 5,1 поен, 1,8 скока и 3,4 асистенции.