сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кампацо во Реал Мадрид?

Кампацо во Реал Мадрид?

Факундо Кампацо е без клуб, откако го напушти Денвер Нагетс. Искусниот Аргентинец посакува да остане во НБА лигата, меѓутоа доколку не најде соодветен ангажман би можел да се врати во Европа и тоа во Реал Мадрид.

Токму Реал Мадрид беше отскочна даска за Кампацо кон НБА лигата. Во ноември 2020 година тој се пресели во Денвер, а во најсилното првенство имаше просек од 5,7 поени, 3,4 асистенции, два скока и 1,1 украдена топка на 144 средби.