среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кер по поразот на САД: Ова не е повеќе 1992…

Кер по поразот на САД: Ова не е повеќе 1992…

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД,  Стив Кер не заборави да потенцира дека веќе кошарка се игра на сите страни, поточно дека тие не се повеќе доминатни како во некои други времиња.

-Ова не е повеќе 1992 година. Играчите се подобри низ целиот свет, тимовите се подобри. Не е лесно да се победи на Светско првенство или Олимписките игри. Честитки до Германија, тие беа фантастични. Секогаш кога правевме серија, тие имаа одличен шут, офанзивен скок, голема акција. Горд сум на моите момци, тие се бореа и ни дадоа шанса на крајот, но не успеавме точно да ја добиеме.

Тоа беше главната причина за поразот. Никогаш не можевме да ги натераме да не почувствуваат во одбрана. Му оддавам признание на Шродер, брз плејмејкер кој може да пробие. Исто така и ние направивме некои грешки. Мислем дека Обст е клучот на играта. Не ги ставивме под контрола и тоа навистина не повреди. Имаат многу големи силни момци и Шродер напаѓа. Дајте им признание, тие не надиграа, -заклучи селекторот на Американците.