сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кевин Дурент нема да настапи на ол-стар мечот, негова замена Домантас Сабонис

Кевин Дурент нема да настапи на ол-стар мечот, негова замена Домантас Сабонис

Кошаркарот Кевин Дурент нема да биде подготвен за настап на натпреварот на сите ѕвезди кој ќе се игра наредниот викенд во Атланта.

По Ентони Дејвис од ЛА Лејкерс,сега и играчот на Бруклин Нетс поради повреда го откажа настапот за Источната Конференција.

Негова замена ќе биде кошаркарот на Индијана Пејсерс,  Домантас Сабонис за кого ова ќе биде втор настап на ол – стар натпреварите.

Предходно комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, одлучи замена за повредениот Ентони Дејвис да биде бекот на Феникс Санс Девин Букер кој ќе се дебитира на натпреварот на сите ѕвезди.