Ајзеа Умипиг доаѓа во тимот од Градски парк од редовите на косовскиот кошаркарски прволигаш Пеќ. Во косовската Суперлига во 16 натпревари имаше учинок од 11,4 поени, 2.8 скокови и 4,1 асистенции по меч.
Професионално настапуваше во Белгија, Бугарија, Канада, Либан, Литванија, Слвачка, Швајцарија, Турција и Украина.
Умипиг доаѓа во составот предводен од тренерот Димитар Мираковски како замена за Пол Џексон кој ја напушти екипата.