недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Клубови од Евролигата може да станат дел од новиот турнир на НБА

Клубови од Евролигата може да станат дел од новиот турнир на НБА

Комесарот на НБА, Адам Силвер, предложи Евролигата и другите тимови кои не се од САД да станат дел од официјалната сезона на најсилната лига во светот во догледна иднина.

Ова потенцијално би можело да се случи како дел од новиот турнир во средината на сезоната за кој НБА во моментов активно размислува.

– Размислуваме за внатресезонски турнир со кој сакаме да ја направиме регуларната сезона уште поинтересна. Можеби во одреден момент, клубови надвор од НБА ќе се приклучат на таков турнир. Имаме различни идеи, разгледуваме опции, изјави Силвер.

НБА ја разгледува можноста за одржување на нов турнир во текот на регуларниот дел од сезоната.