петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кој ќе го освои трофејот „Мајкл Џордан“?

Кој ќе го освои трофејот „Мајкл Џордан“?

НБА објави нови имиња за наградите во лигашкиот дел од сезоната, па новиот МВП ќе го освои трофејот „Мајкл Џордан“.

Како што беше најавено, од оваа сезона наградата за најдобар и најкорисен играч трофеј же се вика „Мајкл Џордан“.

Исто така, новина се уште неколку награди. Ако сте најдобриот дефанзивец на годината, наградата повеќе не е „DPOY“, туку трофејот „Хаким Олаџувон“.

Дебитантите со години ја добиваа наградата „ROY“, но од оваа сезона таа се нарекува трофеј „Вилт Чембрлен“.

Најдобриот шести кошаркар ќе се закити со трофејот „Џон Хавличек“, додека играчот што најмногу напредувал, ќе добие награда по името на легендарниот „Џорџ Мајкан“.